Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛЕВИТ 17

17
Правила за колење животни
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Говори им на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови и речи им: ‘Еве што заповеда Господ: 3„Секој оној од Израелевиот дом кој - во логорот или надвор од логорот - заколе вол, или овца, или коза, 4а не го донесе при влезот во Шаторот на средбата за да Му принесе дар на Господа пред Шаторот Господов, секој таков нека биде виновен: пролеал крв, и нека биде истребен од својот народ. 5Затоа Израелевите синови нека ги доведат своите жртви, што сакаат да ги колат надвор, во полето, при влезот на Шаторот на средбата, кај свештеникот, и нека ги принесат како помирителни жртви. 6Свештеникот нека ја излее крвта врз Господовиот жртвеник што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата, а лојот нека го изгори за благоугоден мирис на Господа, 7така што во иднина не ќе им ги принесуваат своите жртви на бесовите со кои блудствуваат. Ова нека е вечен закон за нив и за нивните поколенија.“‘
8„И уште речи им: ‘Секој поединец од Израелевиот дом, или странец кој живее меѓу вас, кој ќе принесе паленица или жртва, 9а не ја приведе при влезот во Шаторот на средбата за да Му биде принесена на Господа, тој нека биде истребен од својот народ.’
10‘Натаму, Јас ќе се свртам против секој поединец од Израелевиот дом, а така и против секој придојденец меѓу вас, кој би јадел каква и да е крв, ќе го отстранам од неговиот народ секој што ќе јаде крв. 11Зашто животот на телото е во крвта. Таа крв ви ја дадов вам за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.’ 12Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’ 13Ако некој од Израелевите синови или странец што живее меѓу вас, фати во лов ѕвер или птица што може да се јаде, нека ѝ ја пролее крвта и нека ја покрие со земја.“
14„Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен. 15Секој, Израелец или странец, кој би јал пцовисано, или раскинато од ѕверови, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист. 16Но ако не ја испере и ако не го искапе своето тело, нека го понесе на себе своето беззаконие.“

Селектирано:

ЛЕВИТ 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се