ЛУКА 20
20
Исусова власт.
Лоши земјоделци
1И еден ден, кога го поучуваше народот во Храмот и го проповедаше Еван-гелието, пристапија свештени-чките главатари и книжниците, со старешините, 2и Му рекоа: „Кажи ни со каква власт го правиш тоа? Или, Кој е тој, што Ти ја даде таа власт?“ 3А Тој во одговор им рече: „И Јас ќе ви поставам едно прашање и кажете ми: 4Јовановото крштавање од небото ли беше, или од луѓето?“ 5А тие размислуваа меѓу себе, велејќи: „Ако речеме: ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му верувавте?’ 6Ако речеме - ‘од луѓето’ - сиот народ ќе не убие со камења, зашто е уверен дека Јован е пророк.“ 7И одговорија дека не знаат од каде е. 8А Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам ова.“
9И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Некој човек насади лозје, и го даде под наем на земјоделци, и си отиде на подолго време. 10А кога дојде време, испрати свој слуга при земјоделците, за да му дадат од плодовите на лозјето. Земјодел-ците го натепаа и го испратија назад празен. 11И пак испрати друг слуга, а тие го натепаа и него, го засрамија и го испратија празен. 12Испрати и трет, а тие и него го ранија и го исфрлија. 13Тогаш господарот на лозјето рече: „Што да правам? Ќе го испратам својот возљубен син. Можеби од него ќе се засрамат. 14А кога земјоделците го видоа, почнаа да размислуваат меѓу себе: „Овој е наследникот! Да го убиеме, за да биде наследството наше!“ 15И го исфрлија надвор од лозјето и го убија. И така, што ќе им направи господарот на лозјето? 16Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе им го даде на други.“ А кога тие го чуја тоа, рекоа: „Да не биде!“ 17А Тој ги погледна и рече: „Тогаш, што зна-чи ова што е напишано: „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот? 18Секој, кој ќе падне врз овој камен, ќе се разбие, а врз кого ќе падне тој, ќе го сотре.“ 19И во истиот час книж-ниците и свештеничките глава-тари гледаа да стават рака врз Него, но се плашеа од народот. Имено разбраа дека за нив ја раскажа оваа парабола.
Плаќање данок
20И набљудувајќи Го Му испратија луѓе, кои се правеа праведни, за да Го фатат во некој збор и да им го предадат на началството и на власта на управителот. 21И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш; и не гледаш кој е кој, туку според вистината поучуваш по Божјиот пат. 22Дали е дозволено да даваме данок на ќесарот или не?“ 23Тој пак го разбра нивното лукавство и рече: 24“Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?“ Тие рекоа: „Ќесарев!“ 25А Тој им рече: „Тогаш, дајте му го ќесаровото на ќесара, а Божјото на Бога!“ 26И не можеа да Го фатат во збор пред народот; и замолкнаа зачудени од Неговиот одговор.
Воскресение на мртви
27Тогаш се приближија некои од садукеите, кои тврдат дека нема воскресение, и Го прашаа, велејќи: 28“Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре оженет брат, а е без деца, брат му нека ја земе жената и му подигне потомство на брата си.“ 29Беа седуммина браќа. Првиот се ожени и умре без деца; 30и вториот, 31и третиот ја зеде, и така сите седуммина. И умреа и не оставија деца. 32Најпосле умре и жената. 33И така: при воскресението, кому од нив ќе му припадне жената како жена, зашто сите седуммина ја имале за жена?“ 34А Исус им одговори: „Децата на овој век се женат и мажат, 35а кои ќе се удостојат да го добијат оној век и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат. 36Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението. 37А дека мртвите стануваат, тоа и Мојсеј го кажа на местото при капината, каде Го нарече Господа: „Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“ 38А Бог не е на мртвите, туку на живите; зашто во Него сите се живи.“ 39А некои од книжниците во одговор рекоа: „Учителе, добро рече!“ 40И не се осмелија веќе да Го прашаат за нешто.
Месија - Давидов Син и Господ
41Тогаш им рече: „Како велат дека Христос е Давидов Син? 42Зашто самиот Давид вели во свитокот на псалмите: „Му рече Господ на мојот Господ: ‘Седи оддесно Мене, 43додека ги положам Твоите не-пријатели, за подножје на Твоите нозе!’ 44И така, Давид Го наречува Господ; како Му е тогаш Син?“
Опасност од книжници
45И додека целиот народ Го слушаше, Тој им рече на Своите ученици: 46“Чувајте се од книж-ниците, кои сакаат да одат во долги облеки, на кои им се мили: поздравите на јавни места; првите места во синагогите и челните места на гозбите! 47Кои ги изедуваат домовите на вдовиците, и лажно се молат долго. Тие ќе добијат поголема пресуда!“
Селектирано:
ЛУКА 20: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.