ЛУКА 21
21
Вдовичина лепта
1А кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите дарови во благајната. 2А виде и една бедна вдовица, како пушти таму две лепти, 3и рече: „Вистина ви велам, беднава вдовица пушти повеќе од сите, 4зашто сите овие приложија дар за Бога, од својот вишок; а таа од својата немаштија: пушти сѐ што имаше за живеење.“
Пророштво за разурнување на Храмот
5И кога некои зборуваа за Храмот дека е украсен со убави камења и со заветни дарови, Тој им рече: 6“Ќе дојдат дни кога од ова што го гледате, не ќе остане ни камен на камен, што не ќе биде урнат!“ 7А тие Го прашаа, велејќи: „Учителе, кога ќе биде тоа, и каков е знакот, дека тоа ќе стане?“ 8Тој пак рече: „Внимавајте да не ве заведат, за-што мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас сум’ и ‘времето приближило!’ Не одете по нив! 9Кога ќе чуете за војни и буни, не плашете се! Зашто тоа треба прво да стане, но не е веднаш сврше-токот!“
10Тогаш им рече: „Ќе се подигне народ против народ и царство против царство; 11ќе има големи земјотреси, а на разни места ќе има глад и помор; ќе има стра-вотии и големи знаци на небото. 12Но пред сѐ тоа, ќе стават раце на вас и ќе ве гонат; ќе ве предаваат во синагогите и во темници; ќе ве водат пред цареви и управители заради Моето име. 13Тоа ќе ви овозможи да сведочите. 14И така, ставете си во своите срца, да не се подготвувате како ќе се браните, 15зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ се спротиват и да ѝ противречат сите ваши непријатели. 16А ќе ве предаваат и родителите, и браќата, и роднините и пријателите, и ќе убијат некои од вас; 17и сите ќе ве мразат, заради Моето име. 18Но вам нема да ви пропадне ни влакно од главата. 19Со своето трпение ќе ги спасите своите души!“
20“А кога ќе го видите Ерусалим дека е опколен од војски, знајте дека е близу неговото запустување. 21Тогаш оние, кои се во Јудеја нека бегаат во планините; а кои се во градот нека излезат надвор; а кои се во полето, нека не влегуваат во градот! 22Зашто тоа се дни на одмазда, за да се исполни сѐ што е напишано! 23Горко им на бремените и на доилките во тие дни, зашто ќе има голема неволја во земјата и гнев врз овој народ. 24Ќе паѓаат од сечилото на мечот, и ќе ги одведуваат во ропство меѓу сите народи; а народите ќе го газат Ерусалим, додека не се исполнат времињата на народите.“
Второ Доаѓање на Човечкиот Син
25И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови; 26луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат. 27И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава. 28А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги гла-вите, зашто се приближи вашето избавување.“
29Потоа им кажа парабола: „Погледајте ги смоквата и сите дрвја; 30кога ќе видите дека развиваат, сами знаете дека летото е веќе близу. 31Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото Царство е близу! 32Вистина ви велам, дека ова поколение нема да помине, додека сѐ ова не се збидне. 33Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“
34“Но, внимавајте на себеси, вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, со животни грижи и да не ве затече ненадејно оној ден, 35зашто како примка ќе дојде за сите кои живеат по целата земја. 36Туку, бдејте и молете се во секое време, за да успеете да избегнете од сето ова што ќе настане, и да застанете пред Човечкиот Син.“
37Дење поучуваше во Храмот, а ноќе излегуваше и ноќеваше на гората наречена Маслинова. 38И сиот народ рано наутро доаѓаше при Него во Храмот, за да Го слуша.
Селектирано:
ЛУКА 21: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.