БРОЕВИ 2
2
Распределување на племиња
1Господ им рече на Мојсеја и Арона: 2„Израелците нека ги оптегнуваат своите шатори секој при своето знаме, под знаците на својот татковски дом; нека ги поставуваат околу Шаторот на средбата, но малку подалеку. 3Однапред, на источната страна, знамето на Јудиниот логор, по нивните чети. Главатар на Јудините потомци е Насон, синот Аминадавов. 4Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шест стотини избројани. 5Исахаровото племе нека ги постави шаторите до него. Началник на Исахаровите потомци е Натанаил, синот Согаров. 6Неговата војска брои педесет и четири илјади и четири стотини запишани. 7Натаму Завулоновото племе. Началник на Завулоновите потомци е Елијав, синот Хелонов. 8Неговото воинство брои педесет и седум илјади и четири стотини запишани. 9По нивните чети, сите запишани во Јудиниот логор се сто осумдесет и шест илјади и четири стотини. Тие нека тргнуваат први! 10На југ е знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Главатар на Рувимовите потомци е Елисур, синот Седнуров. 11Неговата војска брои четириесет и шест илјади и пет стотини запишани. 12До него нека ги оптегнува шаторите Симеоновото племе. Началник на Симеоновите потомци е Саламил, синот Сурисадаев. 13Неговата војска брои педесет и девет илјади и три стотини запишани. 14Потоа Гадовото племе. Началник на Гадовите потомци е Елисаф, синот Рагуилов. 15Неговото воинство брои четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет запишани. 16По нивните чети, сите избројани во Рувимовиот логор се сто педесет и една илјада и четири стотини и педесет. Тие нека тргнуваат втори!
17Потоа нека оди Шаторот на средбата, така што левитскиот логор да биде во средина на другите логори. Како што ги оптегнуваат шаторите, така се должни и да одат: секој под своето знаме. 18На запад, знамето на Ефремовиот логор, по нивните чети. Главатар на Ефремовите потомци е Елисам, синот Емиудов. 19Неговата војска брои четириесет илјади и пет стотини запишани. 20До него е Манасиевото племе. Главатар на Манасиевите потомци е Гамалиил, синот Федасуров. 21Неговата војска брои триесет и две илјади и двеста избројани. 22Потоа Венијаминовото колено. Главатар на Венијаминовите потомци е Авидан, синот Гадеониев. 23Неговата војска брои триесет и пет илјади и четири стотини избројани. 24По нивните чети, сите избројани во Ефремовиот логор се сто и осум илјади и сто. Тие нека тргнуваат трети!
25На север, знамето на Дановиот логор, по нивните чети. Главатар на Дановите потомци е Ахиезер, синот Амисадаев. 26Неговата војска брои шеесет и две илјади и седум стотини. 27До него нека постави логор Асировото племе. Началник на Асировите потомци е Фагаил, синот Ехранов. 28Неговата војска брои четириесет и една илјада и пет стотини запишани. 29Потоа Нефталимовото племе. Началник на Нефталимовите потомци е Ахиреј, синот Енанов. 30Неговата војска брои педесет и три илјади и четири стотини запишани. 31Сите запишани во Дановиот логор се сто педесет и седум илјади и шест стотини. Тие нека тргнуваат последни под своите знамиња.“
32Тоа се избројаните Израелци според татковските домови. Сите избројани во логорите, по нивните чети, се шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет. 33Левитите не беа избројани со Израелците, како што Господ му нареди на Мојсеја. 34Израелевите синови направија сѐ како што Господ му нареди на Мојсеја. Така ги поставуваа логорите при своите знамиња и така одеа, секој по својот род и по своите семејства.
Селектирано:
БРОЕВИ 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.