Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 20

20
Ќ. Непорочност на праведник
1Виното е потсмевнувач, жестокиот пијалак буен; и кој им се оддава, не е разумен. 2Царевиот гнев е како лавско рикање; кој го предизвикува, греши против самиот себе. 3Чест е за човекот да се воздржи од препирка, а кој е безумен, ја почнува препирката. 4Мрзливиот несака да оре поради зимата, во времето на жетвата тој бара и ништо нема. 5Советот во човековото срце е длабока вода, и разумниот човек ќе ја исцрпи. 6Мнозина се наречуваат: добротвори, но кој ќе најде верен човек? 7Праведникот оди во својата непорочност, блазе им на неговите синови по него! 8Царот кој седнува на судиска столица, го истражува секое зло со своите очи. 9Кој може да рече: „Го очистив своето срце, јас сум чист од мојот грев?“ 10Двојните тегови и двојните мерки, двете Му се омразени на Господа. 11И детето се познава според она што го прави, дали е чисто и праведно неговото дело. 12И увото што слуша и окото што гледа, Господ ги направи двете. 13Не сакај го спиењето за да не осиромашиш, отвори ги своите очи, и ќе се наситиш со леб. 14„Лошо, лошо“, зборува купувачот, а кога ќе си отиде се фали.
У. Набрзина придобиено наследство
15Има злато и многу бисери, но мудрите усни се најскапоцен накит. 16Земи му ја облеката на оној кој емчи за друг; ограби го него место туѓинецот. 17Сладок му е на човекот лебот на измамата, но после устата му се наполнува со песок. 18Намерите се спроведуваат со совет; затоа размисли добро па води војна! 19Кој клевети наоколу, открива тајни; затоа не се мешај со оној, кому усните секогаш му се отворени. 20Кој ги проколнува татко си и мајка си, светилката му се гаси среде густа темнина. 21Од почетокот набрзина придобиено наследство, на крајот не е благословено. 22Не зборувај: „Ќе се одмаздам за злото“, остави Му на Господа и Тој ќе те избави. 23Омразени Му се на Господа двојните тегови, и кривата мерка не чини. 24Од Господа се човековите чекори, и како може човекот да го разбере својот пат? 25Стапица е за човекот да рече непромислено: „Ова е свето“, а после да се предомисли што заветувал. 26Мудриот цар умее да ги просејува нечесните, и ги става под тркала. 27Човековиот дух е Господова светилка која ја испитува сета внатрешност на срцето. 28Милоста и верноста го чуваат царот, зашто со милоста го зацврстува својот престол. 29Убавината на младите е нивната сила, а седата коса е украс на старците. 30Синилото од биење го очистува злото, а ударите внатрешноста на срцето.

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 20: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се