Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 3

3
Давид во беда
1. Негова тага
Давидов псалм кога бегаше од сина си Авесалома.
1Господи! колку многу се моите противници, колку многу се креваат против мене! 2Мнозина се што зборуваат за мојата душа: „Нема за него спасение при Бога!“
2. Негова надеж во Бога
3Сепак, Господи, Ти си мој штит, моја слава, Ти ми ја воздигна главата. 4Со глас извикав кон Господа и Тој ме послуша од Својата Света Гора.
3. Негова увереност
5Јас легнувам, спијам и се разбудувам, зашто Господ ме чува. 6Не се плашам од десетици илјади луѓе, што се нафрлаат на мене од сите страни.
4. Негова молитва
7Стани, о Господи спаси ме, о мој Боже! Ти ги удираш по образи сите мои непријатели, им ги кршиш забите на нечесните. 8Спасението е во Бога: Твојот благослов е над Твојот народ.

Селектирано:

ПСАЛМИ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се