Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 4

4
Давидова вечерна молитва
1. Молитва за помош
За хоров началник, со жичени инструменти. Давидов псалм.
1Кога викам послушај ме, Боже на мојата правда, Ти што ме избави од тесно: смилувај ми се и послушај ја мојата молитва!
2. Укор на непријатели
2Човечки синови, до кога ќе ја обрнувате Мојата Слава во срам? До кога ќе ја љубите суетата и ќе ги барате лагите? 3Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател; Господ слуша кога викам кон Него.
3. Советување на непријатели
4Треперете и не грешете; размислувајте во срцата, на вашите легла, и молкнете. 5Принесете жртви на правда и надевајте се на Господа!
4. Надеж во Бога
6Мнозина зборуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?“ Господи, осветли нѐ со светлината на Твоето лице! 7Ми даде радост во моето срце поголема од нивната, кога им се раѓа изобилно жито и вино. 8Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност.

Селектирано:

ПСАЛМИ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се