ПСАЛМИ 39
39
Молитва во тешко време
1. Молчење во тага
За началник на пејачи: Једутун. Давидов псалм.
1Одлучив: „Ќе го чувам мојот пат, за да не згрешам со јазикот; ќе ја зауздам мојата уста, додека е нечестивиот пред мене!“ 2Онемев, замолкнав, не пуштав глас дури и од доброто - болката ми стана погорчлива. 3Срцето пламна во мене, при сама помисла избувнуваше оган; тогаш проговорив со мојот јазик!
2. Желба за просветување
4Кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите денови, за да знам колку сум ништожен. 5Ете, со педа ми ги измери деновите, и векот мој е како ништо пред Тебе; вистина, секој човек што стои цврсто е суета. 6Човекот поминува како сенка, суета е сето негово богатство, збира, а не знае кој ќе го земе!
3. Молитва за избавување
7А сега, на што да се надевам, Господи? Мојата надеж е во Тебе! 8Избави ме од сите мои беззаконија, не оставај да му бидам за потсмев на безумниот! 9Молчам и не ја отворам устата, зашто Ти направи така! 10Отстрани го од мене Твојот бич, зашто издивнувам под тежината на Твојата рака. 11Ти го поправаш човекот со казна, и сѐ што му е најмило го расипуваш како молец; навистина, секој човек е суетен.
12Послушај ја, о Господи, мојата молитва, послушај ги моите повици, не премолчувај на моите солзи! Зашто сум придојденец кај Тебе, како сите мои татковци. 13Сврти го погледот од мене, да здивнам, пред да заминам и да ме нема.
Селектирано:
ПСАЛМИ 39: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.