Евреите 1
1
1Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини.
2Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се.
3Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната страна на Величествениот Бог.
4Ова покажува дека Божјиот Син е повозвишен од ангелите, како што е повозвишено и името што Му е дадено,
5зашто на ниеден ангел Бог не му рекол: „Ти Си Мој Син, денес станав Твој Татко“, и повторно: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе Ми биде Син“.
6Понатаму, кога Го испрати Својот Првороден Син на светот, Бог рече: „Сите ангели Божји Нему нека Му се поклонат.“
7И додека Бог ангелите ги нарекува: „Гласници брзи како ветер, слуги од огнен пламен“,
8напротив, за Својот Син вели: „Ти Си Бог и вечно ќе владееш како Цар! Твојата царска моќ воспоставува правда.
9Ти ја сакаш правдата, а го мразиш беззаконието, и затоа Јас, Твојот Бог, Те избрав Тебе и ти определив поголема радост отколку на Твоите придружници.“
10А кажано е и следново: „Господе, Ти беше Тој што во почетокот ја создаде Земјата, а и небесата се дело на твоите раце.
11Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш.
12Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар.“
13На ниеден ангел Бог не му рекол така како што Му рече на Својот Син: „Седни од Мојата десна страна, додека да ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!“
14Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението.
Селектирано:
Евреите 1: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.