Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 37

37
ПСАЛМ 37
Молитва во болест и прогонство
1Псалм на Давид; за сеќавање, за саботата.
2 # 6,1 Господи, во јароста Своја не карај ме
и во гневот Свој не казнувај ме,
3 # Јов 6,4; 16,13; Плач 3,12 зашто стрелите Твои се забија во ме­не
и Твојата рака тежи врз мене,
4 # Ис 1,5-6 нема исцеление за телото мое поради гневот Твој;
нема мир во коските мои поради гревовите мои;
5 # 1 Мојс 4,13; 1 Езд 9,6 зашто беззаконијата мои ја над­ви­ши­ја главата моја,
како тешко бреме ми натежнаа.
6Засмрдеа и загноија раните мои
поради безумието мое.
7 # 34,14; 41,9 Пострадав и се скрушив сосема,
цел ден натажен одев;
8зашто слабините ми се исполнија со презир
и нема исцеление за телото мое.
9 # 101,3-5 Злоставуван бев и прекумерно понижен;
рикав по­ради воздишките на срцето мое.
10Господи, пред Тебе е сета моја желба
и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
11 # 6,7; 30,10; 87,6 Срцето ми се вознемири, ме на­пуш­ти силата моја
и светлината на очите мои – и таа не е во мене.
12 # 30,11; 40,9; 87,8.18; Јов 12,4-5; 19,12-18; Лк 23,49 Пријателите мои и ближните мои ми дојдоа отспротива и застанаа;
и моите најблиски застанаа подалеку од мене,
13па се засилија оние што ја бараат душата моја,
и оние што ми посакуваат зло, зборуваа бесмислици
и по цел ден кроеја сплетки;
14 # 38,1-2; Ис 53,7 а јас, пак, како глув не слушав
и сум како нем кој не ја отвора устата своја;
15станав како човек што не слуша
и што во устата своја нема прекор,
16зашто на Тебе, Господи, се надевав;
Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој.
17 # 12,4; 34,15.19 Зашто реков: „Да не ми се ситат непријателите мои“;
и кога се поколебаа нозете мои,
тие надмено говореа против мене.
18 # 50,4 Спремен сум за страдање
и мојот јад секогаш е пред мене,
19 # 31,5 беззаконието свое ќе го објавам
и ќе жалам поради гревот мој.
20 # 34,19; 68,4 А моите непријатели живеат и стануваат посилни од мене
и се намножија оние што неправедно ме мразат,
21 # 34,12; 108,3-5 ме клеветеа оние што ми враќаа зло за добро,
бидејќи тежнеев кон добрина и ме отфрлија мене, возљубениот,
како одвратен мртовец.
22 # 21,1.11; 34,22; 70,18 Не оставај ме, Господи;
Боже мој, не отстапувај од мене;
23поитај да ми помогнеш,
Господи на моето спасение!

Селектирано:

Псалми 37: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се