Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 38

38
ПСАЛМ 38
Молитва за утеха од Господ
1За крајот: песна на Давид, за Идитун.
2Си реков: „Ќе пазам на патиштата мои,
за да не згрешам со јазикот свој“;
поставив стража на устата своја
додека грешникот стоеше пред мене.
3 # 31,3; 37,13 Онемев и се понижив, замолкнав дури и за добрините,
но болката ми се обнови.
4Срцето мое во мене се стопли
и додека размислувам ќе се разгори оган.
Проговорив со јазикот свој:
5 # 88,47 „Покажи ми го, Господи, мојот крај
и кој е бројот на моите дни,
за да разберам од што сум лишен“.
6 # 61,9; 89,9-10; Јов 7,6.16; 14,1.5 Ете, Ти си ми дал дни колку една пе­да
и моето постоење е како ништо пред Тебе.
И навистина, сѐ е суета,
секој човек што живее.
7Навистина, човекот како привидение талка и залудно се измачува;
собира во ризница и не знае за кого собира.
8И сега, која е причината за моето трпение?
Зар не е Господ?
И моето постоење е од Тебе.
9Од сите беззаконија мои избави ме;
Ти ме направи потсмев за безумниот.
10Занемев и не ја отворив устата своја,
заш­то Ти така ми направи.
11Отстрани ги од мене ударите Твои,
бидејќи изнемоштев од силината на Твојата рака.
12 # Ис 50,9; 51,7; Ос 5,12; Јов 4,19; 13,27; Мт 6,20 Со прекори поради беззаконието го воспитуваш човекот
и како пајажина си ја истанчил душата негова;
навистина, секој човек напразно се вознемирува.
13 # 118,19; 1 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; 1 Лет 29,15; Евр 11,13; 1 Птр 2,11 Услиши ја, Господи, молитвата моја и молењето мое чуј го;
солзите мои не премолчувај ги,
зашто сум дојденец кај Тебе и туѓинец,
како сите татковци мои.
14Допушти ми да здивнам,
пред да за­минам и да ме нема веќе.

Селектирано:

Псалми 38: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се