Колосјаните 4:2-4
Колосјаните 4:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Посветете се на молитва, будно и со благодарност. Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор. Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.
Колосјаните 4:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност! Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови, та да ја откријам, како што треба да зборувам!
Колосјаните 4:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидете постојани во молитвата, бдејте во неа со благодарност! Молете се уште и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на словото и за да ја навестиме тајната на Христа, заради која сум и во окови - и да ја откријам онака, како што треба да зборувам.