Матеј 15:25-27
Матеј 15:25-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“ Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“
Матеј 15:25-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А жената Му пријде и паѓајќи ничкум пред Него, Му рече: „Господе, помогни ми!“ Но Исус ђ одговори: „Не е право да се одземе лебот од децата и да им се фрли на кучињата!“ Тогаш, таа одговори: „Така е, Господине; но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари!“
Матеј 15:25-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ А Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.“ Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трош-ките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“