Матеј 6:19-21
Матеј 6:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Не напластувајте си богатство овде на Земјава, каде што молци и ’рѓа го уништуваат и крадци провалуваат и го крадат, туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ’рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат. Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето.
Матеј 6:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“
Матеј 6:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што кра-дци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“