Матеј 6:9-13
Матеј 6:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!).
Матеј 6:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа, молете се вака: ,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име! Нека дојде Твоето царство, нека се извршува Твојата волја овде на Земјата, како што се извршува на небото. Дај ни ја неопходната храна за денешниот ден. Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија. Не оставај да им потклекнеме на искушенијата, но избави ни од Лукавиот‘. (Зашто Тебе Ти припаѓаат и Царството, и силата, и славата, за вечни векови, амин.)
Матеј 6:9-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата; нашиот насушен леб, дај ни го денес; и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!“