Бојното поле на умот – Побожност Примерок
Знај ја вистината
(Исус рече)
Ако останете во Моето слово (ако се држете за Моите поучувања и живеете според нив), тогаш вие сте навистина Мои ученици. И вие ќе ја запознаете Вистината и Вистината ќе ве ослободи. - Јован 8:31-32
Во мојата книга Бојното поле на умот, јас исто така пишувам за сопругот на Мари, Јован личност со ниска самодоверба. Тој е човек кој бил вербално малтретиран од неговата мајка и изигруван од децата кога бил мал. Тој мразел соочување и не можел да се справи со силниот карактер на Мари. На негов свој начин, Јован беше затвореник исто како неговата сопруга. Тој ја обвинуваше неа; таа го обвинуваше него – и овде повторно ги гледаме измамничките начини на сатаната.
Јован беше убеден дека нема ништо добро ако се противиш со било кој; тој секако ќе изгубеше. Тој мислеше дека единствениот начин да се разбираме, е да се биде тивок и да се прифати се што ќе се случи.
Јован исто така веруваше во друга лага на ѓаволот – дека Бог не го сакаше вистински. Како може да биде сакан? Тој не вредеше да биде сакан. Затоа што се чувствуваше така, тој веруваше во лагите на ѓаволот. “Јас се чувствував како Бог да рекол на светот, ‘Верувајте во Исус и ќе бидете спасени.’ Јас добив само еден дел од пакетот - но никогаш не чувствував дека вреди да живеам.”
Тоа е една од најголемите лаги на ѓаволот: “Ти си никој. Не вредиш да живееш.” Ако непријателот на твојот ум може да те убеди дека ти си премногу лош или премногу безвреден, тогаш тој изградил упоришта во твојот ум.
Иако Јован беше Христијанин, неговиот ум беше во затвор од неговиот непријател. Јован требаше да научи дека тој е важен за Бог. За долго време, тој не ја знаеше вистината. Неговата мајка не му имаше кажано дека тој е добар, вреден и дека е дете Божјо. Неговите пријатели не го охрабруваа, и во првата година од бракот со Мари, нејзините критики го убедија него дури повеќе дека тој беше безнадежен и неуспешен.
Јован требаше да знае дека е сакан и дека има вредност во царството Божјо исто како, Павле, Мојсеј, или било кој друг. Исус се грижи за него и Тој е со него. За да победи во неговата битка и да ги сруши менталните упориша што ги изградил ѓаволот, Јован требаше да ја знае вистината. Исус рече, “Ако вие... (ги држите Моите поучувања и живеете според нив), вие навистина сте Мои ученици. И вие ќе ја запознаете Вистината и Вистината ќе ве ослободи” (Јован 8:31-32). Јован ја учи вистината со читање на Божјиот Збор, молитва, и медитирање на тоа што му зборува Словото. Тој исто така учи со употреба на Божјиот Збор во неговиот секојдневен живот и стекнува искуство со гледање како делува Словото, како што рече Исус.
Искуството често пати е најдобриот учител. Јас научив од Божјиот Збор и од искуствата во животот дека Словото е исполнето со сила и ќе ги сруши упориштата што сатаната ги изградил во нашите умови.
Ти не можеш да бидеш слободен се додека не дознаеш дека оружјето за битката е достапно за тебе и ти можеш да научиш да го употребуваш. Како што ќе учиш да се спротивставиш на сатаната и да го наречеш лажго, твојот живот ќе се промени драматично на подобро.
Господе Боже на небото, потсети ме дека јас сум важен за Тебе и дека сум сакан од тебе, дури и кога не го чувствуам тоа. Помогни ми да научам дека јас сум толку важен на Тебе исто како други Христијани и дека Ти ме сакаш толку многу како што ги сакаш нив. Ти благодарам во името на Исус Христос. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.
More
Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/