Бојното поле на умот – Побожност Примерок
Совршен план
Јас сум уверен и сигурен во тоа, дека Оној Кој го започна доброто дело во вас, ќе го продолжи дури до денот на Исус Христос (точно до времето на Неговото враќање), развивајќи го (тоа добро дело) усовршувајќи го и целосно комплетирајќи го во вас. - Филипјани 1:6
Зошто ние сме Божја (Негова) творба, создадени во Христа Исуса, (нановородени) за да можеме да ги вршиме тие добри дела кои Бог ги предодредил (ги планирал претходно) за нас (Тој припремил патишта предвреме), за да ние можеме да одиме по нив (живеејќи добар живот кој Тој го организирал и спремил за нас). - Ефесјани 2:10
Се прашувам колку пати сме чуле проповедникот да рече, “Бог има план за твојот живот.” Ние потвврдуваме со насмевка и потоа си заминуваме. Јас не сум сигурна дека мнозина од нас го веруваат ова -или барем нашите животи не го одразуваат тоа.
Што значи да размислуваме дека Бог има совршен план за нас? Можеби, зборот “совршен” е тој кој не измачува. Ние сме подложни на паѓање и правиме многу грешки. Како може нешто да биде совршено во нашите животи? Се познаваме себеси премногу добро. Веднаш сме потсетени на своите недостатоци и го негираме ветувањето.
Тоа е трик од сатаната! Планот не е совршен бидејќи ние сме совршени; планот е совршен бидејќи Бог е совршен. Сега, ајде да кажеме вака: Бог има специјален план за секој еден од нашите животи.
Нека да размислиме за овој план. Во претходниот стих, Павле ни кажа дека Бог нé спаси и започна добро дело во нас. Духот сеуште е во нас, и нé турка напред. Павле исто така напиша дека ние сме Божјото ремек дело. Претходните два стиха ни велат дека сме спасени преку Божјата благодат. Ние немаме никаков удел во спасението - не сме го заработиле, ниту заслужиле. Нашето раѓање во Божјото царство е дар. Бог го извршува а ние го примаме. Да, ние веруваме, но тоа не придонесува до заработување на спасението.
Како што размислуваме за Божјата работа во нас, ние сме потсетени дека колку и да сме несовршени, Бог е совршенство. Ништо што можеме да го направиме нема да биде доволно да ја достигне Божјата совршеност. Само Исус, Совршениот е доволно добар. Освен нашата вера, ништо друго не ни помага да бидеме прифатени од Бог.
Понатаму, Апостолот ни вели дека ние сме спасени преку Исус Христос за да извршуваме добри дела. Бог го има припремано за нас животот кој Тој сака да го живееме. Неговото Слово ни го појаснува тој живот.
Ние не сме совршени, ниту некогаш ќе бидеме додека престојуваме на оваа земја. Поентата е дека Бог е совршен и има план за нас. Планот за нашите животи е совршен, бидејќи доаѓа од Совршениот Планер. Божјиот план за нас вклучува покорност и служба на Него од искрено срце.
Бог ни дава насока за целосен, исполнет живот. Нашата улога е да се прилагодиме себеси со тој план. Ние треба да ги впериме нашите очи кон Исус и Неговата моќ, а не на себеси и нашите недостатоци.
Штом речеме, “Но, јас не сум совршен, јас грешам,” ние сме го одвоиле нашето внимание од Бог, дозволувајќи му на сатаната да ни диктира погрешно да размислуваме. Нашиот прекрасен Господ се моли со нас да ги свртиме своите срца и умови целосно кон Него. Колку повеќе го правиме тоа, толку поблиску се држиме до Неговиот добар и совршен план.
Ние треба да бидеме како Исус Навин, на кој Бог му рече “Книгата на Законот нема да се одвои од твоите усни, но ќе размислуваш за неа дење и ноќе, за да запазиш сé што е напишано во неа. Бидејќи, тогаш ќе просперираш, ќе донесуваш мудри одлуки и ќе имаш успех” (Исус Навин 1:8).
Совршен Боже помогни ми во оваа битка со мојот ум. Сатаната постојано ме потсетува на моите несовршености и слабости, но јас барам Ти да ме потсетиш на Твојата совршеност, Твојата љубов и Твојата блискост за да можам секогаш да извојувам победа. Ги барам овие нешта во името на Исус Христос. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.
More
Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/