Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ти имаш молитва! Примерок

Ти имаш молитва!

1 ДЕН ОД 6

„Ние имаме молитва!”

Во денешното општество, многу луѓе ја гледаат молитвата како неефективен начин да се минува низ животните предизвици. Всушност, некои воопшто не се молат. Другите можеби само ќе се вклучат во молитва откако ќе пробаат сè друго.

Но Бог никогаш немаше намера нашиот молитвен живот да ни биде последен спас за надминување на тешките предизвици откако ќе ги испробаме сите други можности и извори. Вистината е дека Бог сака молитвата да биде центар на сечиј христијански живот: прво место каде доаѓаме кога ни треба помош, а не последно. Тој сака да нè слуша секој ден, како во нашите времиња кога ни е потребна помош, така и во времиња на изобилство и исполнетост. Исто така, Бог сака да ја прикаже Својата љубов на многу начини со тоа што ќе биде во постојана комуникација со нас како што се молиме.

Молитвата е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување и е основа за зајакнување на нашето чекорење со Бога.

„Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот“. – Јаков 5:16

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Ти имаш молитва!

Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот: христијански водич за раст и цел” од Дејвид Свандт.

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk