Ти имаш молитва! Примерок
„Божјиот модел за ефективна лична молитва“
Господовата молитва е една од најпризнатите стихови во Библијата. Повеќето луѓе ја имаат оставено Божјата молитва во сеќавањето, или барем ќе ја препознаат по слушањето. Исус ги упатува неговите апостоли:
„Туку вие молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, ка¬ко што и ние им ги проштеваме на на¬ши¬те должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!“ – Матеј 6:9 -13
Господовата молитва е една од најрецитираните молитви до ден денес. Но кога Исус ги даде овие прекрасни зборови на неговите апостоли, Неговите намери достигнаа многу повисоко од давањето на ефективна молитва која можеме да ја запомниме.Тој ни даде важна рамка во која ќе можеме да ги врамиме нашите молитви.
Помисли за момент за она што те ограничува кога се молиш, или што ја ограничува молитвата која ја имаш. Можеби имаш тенденција премногу да се фокусираш на себеси. Можеби лесно ти се одвлекува вниманието за време на молитвата па дури и можеш да задремеш. Ова се општи проблеми кои сите ние ги искусуваме од време на време.
Господовата молитва ни дава основа да ги надминеме овие тенденции и бариери кои се разделени на компоненти кои следуваат во следниот дел.
Свето Писмо
Опис за овој план
Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот: христијански водич за раст и цел” од Дејвид Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk