Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Живеј со сила и храброст! Примерок

Живеј со сила и храброст!

7 ДЕН ОД 8

„Тој го изградува карактерот за ти помогне да растеш“

Добриот карактер не е нешто кое што туку така го примиме со спасението, но се учи и се развива со текот на времето. Да ни помогне да изградиме христолик карактер е една од првенствените цели на Бога. Светиот Дух ни помага да станеме повеќе како Исус со градење и развивање на Неговиот карактер во нас. Библијата ова го нарекува Плодот на Светиот Дух.

„А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон“. – Галатјаните 5:22 -23

Среде предизвиците, ние понекогаш се трудиме да ја надминеме непријатноста со нашата сопствена сила. Правејќи го тоа, ние дури сме и искушувани да го компромитираме нашиот христијански карактер за да ги надминеме тешкотиите, или да фатиме пократок пат. „ Но кога се повикуваме на силата на Светиот Дух, Тој ни помага да останеме на вистинскиот пат со интегритет, вистина и искреност, без разлика на околностите.

Во времиња на успех, истите библиски стандардии треба да останат недопрени. Само –опслужувачките гордост и ароганција се во директен конфликт со христијанскиот карактер кој Бог сака да го развиеме во нашите животи. Всушност, понизноста е барање за секој христијанин да продолжи да прими унапредување од Бога.

„Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!“ – Матеј 5:5

Како што се соочуваме и со нашите предизвици и нашите успеси со христолик карактер, ние започнуваме да растеме во нашето чекорење со Бога. Ние дури и започнуваме да препознаваме дека дејствувањето во Плодовите на Духот се за нашето крајно добро и за Неговата чест. Колку повеќе растеме во нашето чекорење со Бога толку повеќе Нему можеме да му ги довериме поголемите благослови во нашите животи.

Ден 6Ден 8

Опис за овој план

Живеј со сила и храброст!

Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk