Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Живеј со сила и храброст! Примерок

Живеј со сила и храброст!

8 ДЕН ОД 8

„Тој ги прави сите работи за твое добро“

Бог ја има контролата на сè во секоја област во нашите животи. Тој е целосно способен да ги подреди сите околности за да бидат за наше добро како верници.

„А знаеме дека на оние што Го љу¬бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро“. - Римјаните 8:28

Тој е повеќе од способен да се справи дури и со најкомплицираните животни предизвици, и ќе нè води во текот на исполнувањето на Неговиот план за нашите животи. Тој едноставно сака да Му веруваме дека го прави тоа.

„Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки“. – Пословици 3:5 - 6

Ствањето на нашата доверба во Бога не го зазема местото на лична одговорност и добро раководење. Напротив, личната одговорност и верувањето Нему одат рака под рака. Кога ние го завршуваме својот дел, Бог е секогаш верен да го спроведе Неговиот дел и успешно да нè води.

Во многу случаи, водството на Бога доаѓа во форма на отворање и затворање на врати во нашите околности. Во други случаи, нашите ситуации ни бараат не помалку од божествена интервенција на Бога за да се излечиме, да се случи чудо или да постигнеме нешто кое инаку е невозможно.

„А Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно“. – Матеј 19:26

Без разлика дали се соочуваме со неизлечлива болест, финансиска криза па дури и неочекувана загуба на некого кого го сакаме, Бог е присутен и е способен да дејствува надприродно во овие времиња.

Бог е специјалист во претворањето на трагедијата во триумф и тешкотијата во радост преку Светиот Дух. Никогаш не се сомневај дека Бог сè уште прави чуда и ден денес. Бог е способен да интервенира во секоја невозможна ситуација!

Ден 7

Опис за овој план

Живеј со сила и храброст!

Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk