1
Битие 1:26-27
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“ И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
เปรียบเทียบ
สำรวจ Битие 1:26-27
2
Битие 1:28
И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!“
สำรวจ Битие 1:28
3
Битие 1:1
Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
สำรวจ Битие 1:1
4
Битие 1:2
Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата.
สำรวจ Битие 1:2
5
Битие 1:3
И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина.
สำรวจ Битие 1:3
6
Битие 1:31
И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро. И настапи вечер, и настапи утро – шести ден.
สำรวจ Битие 1:31
7
Битие 1:4
И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината.
สำรวจ Битие 1:4
8
Битие 1:29
И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна!
สำรวจ Битие 1:29
9
Битие 1:5
Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи вечер, и настапи утро – прв ден.
สำรวจ Битие 1:5
10
Битие 1:6
Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ (И така стана).
สำรวจ Битие 1:6
11
Битие 1:30
А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи (и лази) по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана.
สำรวจ Битие 1:30
12
Битие 1:14
Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините
สำรวจ Битие 1:14
13
Битие 1:11
И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе (според својот род и вид)!“ И стана така.
สำรวจ Битие 1:11
14
Битие 1:7
И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана.
สำรวจ Битие 1:7
15
Битие 1:12
Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род (и вид), а и (плодоносни) дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро.
สำรวจ Битие 1:12
16
Битие 1:16
Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите
สำรวจ Битие 1:16
17
Битие 1:9-10
И Бог рече: „Нека се собере водата, што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. (Водата што е под небото се собра на своите места и се појави копно). Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро.
สำรวจ Битие 1:9-10
18
Битие 1:22
И ги благослови Бог, велејќи: „Плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!“
สำรวจ Битие 1:22
19
Битие 1:24
Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ И стана така.
สำรวจ Битие 1:24
20
Битие 1:20
Потоа рече Бог: „Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици!“ (И така стана).
สำรวจ Битие 1:20
21
Битие 1:25
И Бог создаде ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивни. И Бог виде дека тоа е добро.
สำรวจ Битие 1:25
หน้าหลัก
พระคัมภีร์
แผนการอ่าน
วิดีโอ