YouVersion Logo
تلاش

Јован 10

10
За добриот пастир и за неговото стадо
1 # Ез 34,2; Мк 6,34 „Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, крадец е и разбојник; 2#Мих 2,12а кој влегува низ вратата, пастир е на овците; 3#Пс 94,7нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика сво­ите овци по име и ги изведува. 4#10,27И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов; 5а по туѓ човек не одат, туку ќе побегнат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“ 6#16,25Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што беше тоа што им говореше. 7#Пс 117,20Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на ов­ците. 8#Ер 23,1-2; Ез 34,2-3Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа. 9#1 Мојс 28,17; Мт 7,13-14; 25,10; Лк 11,52Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе из­лезе, и пасиште ќе најде. 10Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. 11#15,13; Ис 40,11; Ез 34,15; 37,24; Пс 22,1; Мт 9,36; 18,12-14; 25,32; Евр 13,20; 1 Јн 3,16; Откр 7,17Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си го полага животот свој за овците; 12#Ер 10,21; 23,1; Зах 11,17; Дела 20,29а наемникот, кој не е пастир и не е сопственик на овците, ако види дека до­аѓа волк, ги остава овците и бега; и вол­кот ги разграбува и ги распрснува овци­те. 13Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците. 14#10,27; 1 Кор 8,2-3; Гал 4,9; 2 Тим 2,19Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене. 15#Мт 11,27Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и животот Свој го полагам за овците Свои. 16#11,52; 17,20; Ис 56,8; Ер 23,3; 31,10; Ез 34,23; Мих 2,12-13; Гал 3,28; 1 Птр 2,25И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир. 17#15,13; Фил 2,8-9; 1 Јн 3,16Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак. 18#1,4; 14,31; 15,10Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам од Себе го давам. Имам власт да го дадам и власт имам пак да си го земам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.“ 19#7,43; 9,16И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови. 20#7,20; Мк 3,22; Дела 26,24Мнозина од нив велеа: „Демон има и не е при Себе. Зошто Го слушате?“ 21#9,32; 2 Мојс 4,11Други велеа: „Ова не се зборови на бесомачен; може ли демон на слеп да му отвори очи?“
Свечена изјава и обвинување за хулење
22 # 1 Мак 4,36-59 А беше тогаш во Ерусалим праз­ни­кот Обновување на храмот и беше зима. 23#Дела 3,11; 5,12Одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов. 24#8,25; Лк 22,67А Јудејците Го опколија и Му ре­коа: „До кога ќе ги мачиш нашите ду­ши? Ако си Ти Христос, кажи ни от­во­рено!“ 25#5,36; 10,38Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. 26#6,64; 8,45; Изреки 28,5; 1 Кор 2,14Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков. 27#10,3-4Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, 28#3,16; 6,39; 17,2.12; 18,9; Рим 8,33-39и Јас им давам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја. 29#17,24; Ис 43,13; 49,2Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. 30#1,1; 17,11.21Јас и Отецот сме едно.“ 31#8,59; 11,8А Јудејците, пак, зедоа камења да Го каменуваат. 32Исус им одговори: „Многу добри дела ви јавив од Мојот Отец; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?“ 33#5,18; 3 Мојс 24,16; Мт 9,3; Мк 14,64Му одговорија Јудејците, велејќи: „За добро дело камења не фрламе на Тебе, туку за хулење, зашто Ти, иако си човек, се правиш Бог.“ 34#7,49; Пс 81,6; Рим 3,19; 1 Кор 8,5Исус им одговори: „Не е ли напи­шано во вашиот Закон: ‚Јас реков: бо­го­ви сте?‘ 35#Мт 5,18; Лк 16,17Ако Тој ги нарече богови оние кон кои беше упатено словото Божјо, а писмото не може да се урне, 36#6,69; 17,17-19; Ер 1,5; Сир 49,7а на Оној ли, Кого Го освети Оте­цот и Го прати во светот, вие велите: ‚Хулиш на Бога?‘ дека реков: ‚Јас сум Син Божји?‘ 37Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми; 38#2,11; 14,10-11; 17,21а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверува­те дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“ 39#7,30.44Сакаа пак да Го фатат, но Тој им се истргна од рацете нивни, 40#1,28; Мт 19,1и пак отиде отаде Јордан, на она место каде што Јован крштеваше, и ос­тана таму. 41#1,29.34Мнозина дојдоа кај Него и говореа: „Јован не направи ниедно чудо, но сѐ што рече Јован за Него, беше вистина.“ 42#7,31И мнозина таму поверуваа во Него.

موجودہ انتخاب:

Јован 10: MK2006D

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in