Јован 7
7
Исус и Неговите браќа
1 #
5,18
Потоа одеше Исус по Галилеја, затоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат. 2#2 Мојс 23,14.16; 3 Мојс 23,34; 4 Мојс 29,12-39; 5 Мојс 16,13-16; Зах 14,16-19; Неем 8,1-18Се приближуваше, пак, јудејскиот празник Сеници. 3#Мт 12,46; Мк 3,31; Дела 1,14Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и оди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш. 4#4,48; 6,30Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Ако Ти ги вршиш овие работи, тогаш покажи се пред светот!“ 5#Мк 3,33-35Зашто и браќата Негови не веруваа во Него. 6#2,4; 7,30; 8,20А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш погодно. 7#3,19-21; 15,18Светов вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши. 8#Лк 9,51Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на овој празник, зашто времето Мое сѐ уште не се исполнило.“ 9Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
Исус на празникот
10Но, штом отидоа браќата Негови, и Тој отиде на празникот, но не јавно, туку некако скришум. 11#11,56А Јудејците Го бараа на празникот и велеа: „Каде е Оној?“ 12#7,40-43; Мт 27,63И многу расправии имаше меѓу народот за Него; едни зборуваа: „Добар е“, а други велеа: „Не, туку го измамува народот!“ 13#9,22; 12,42; 19,38; 20,19Но никој не зборуваше за Него отворено, поради страв од Јудејците. 14А на средината од празникот, влезе Исус во храмот и поучуваше. 15#Мт 7,28-29; 13,54-57; Лк 2,47; Дела 4,13И се чудеа Јудејците, велејќи: „Како ги познава Овој Книгите, кога не учел?“ 16#3,11-13.31-35; 12,49; 14,10Тогаш им одговори Исус и рече: „Учењето Мое не е Мое, туку на Оној што Ме прати; 17и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам. 18#5,41-44; 8,50; Пс 91,15Кој говори самиот од себе, тој си бара своја слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда. 19#1,17; 5,46-47; 8,37-41; Дела 7,53; Рим 2,17-23Зар не ви го даде Мојсеј Законот? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?“ 20#8,48; 10,20; Мт 11,18; 12,24.27Народот одговори и рече: „Демонот е во тебе! Кој сака да Те убие?“ 21#5,2-9.16Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите. 22#1 Мојс 17,10-13; 21,4; 3 Мојс 12,3; Рим 4,11Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од татковците – и вие во сабота обрезувате човек. 23#Мт 12,1-5.11-12; Мк 3,5; Лк 13,15-16Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек излекував во сабота? 24#8,15; 3 Мојс 19,15; Ис 11,3-4; Зах 7,9Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“ 25#5,18; 7,19; 8,37.40Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не ли е Овој што Го бараат да Го убијат? 26Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека е Тој навистина Христос? 27#6,42; 7,41; 9,29Но, Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос никој не ќе знае од каде е.“ 28#8,19.26; 19,9Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: „И Мене Ме познавате и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, туку Тој што ме прати е Вистинитиот; Него вие не Го познавате. 29#8,55; 17,25; Мт 11,27Јас, пак, Го знам, зашто сум од Него и Тој Ме прати.“ 30#2,4; Лк 4,29-30Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов. 31#2,11.23; 8,30; 10,42; 11,45; 12,11.42И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда отколку што направи Овој?“ 32#Мт 11,2; 12,23Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па испратија фарисеите и првосвештениците слуги да го фатат. 33#1,1; 12,35; 16,5.10.16Тогаш Исус им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној Кој Ме прати. 34#8,21; 12,40; 13,33.36; 5 Мојс 4,29; Ис 55,6Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете.“ 35#12,20-24; Изреки 1,28; Јк 1,1; 1 Птр 1,1А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува? 36Што значат овие зборови: ‚Ќе Ме барате и не ќе Ме најдете‘; и ‚Каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете?‘“
Изворот на жива вода
37 #
3 Мојс 23,36; Ис 55,1; Откр 21,6; 22,17 А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со силен глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие! 38#4,10.14; 19,31-34; 2 Мојс 17,1-6; Ис 12,3; 43,20; 44,3; 58,11; Ез 47,1-12; Јоил 3,18; Зах 13,1; 14,8; 1 Кор 10,4Кој верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба, ќе потечат реки од жива вода.“ 39#12,16.23.28; 13,31-32; 16,7; Дела 2,4А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. 40#6,14; 5 Мојс 18,15-18; Мт 21,11; Дела 3,22; 7,37А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“ 41#1,46; 7,52Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? 42#2 Цар 7,12-17; Пс 88,3-4; Ер 23,5; Мих 5,1; Мт 2,5-6; Рим 1,3Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“ 43#3,19-21; 9,16; 10,19И така настана меѓу народот раздор за Него. 44#7,30А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. 45Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ 46#Мт 7,28; 13,54А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.“ 47Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? 48#12,42; 1 Кор 1,26Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него? 49#Ер 5,4-5Но, овој народ, што не го знае Законот, е проклет.“ 50#3,1-2; 19,39Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече: 51#2 Мојс 23,1; 5 Мојс 1,16; 17,4.6„Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“ 52#1,46; 5,39; 7,41А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе видиш дека пророк од Галилеја не се јавува!“ 53И секој си отиде во својот дом.
موجودہ انتخاب:
Јован 7: MK2006D
سرخی
شئیر
کاپی
کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006