Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1

1
Увод. Христовото вознесување. Матиј избран за апостол.
1Првата книга, о Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус почна и да врши и да учи,
2до денот, кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, што беше ги избрал,
3а на кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за царството Божјо.
4И собирајќи ги, Он им заповеда: »Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене!
5Зашто Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.«
6А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: »Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?«
7И Он им одговори: »Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт;
8но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.«
9И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни.
10И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,
11и рекоа: »Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото.«
12Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.
13И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.
14Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.
15А во тие дни Петар стана меѓу учениците и рече:
16– а беа се собрале околу сто и дваесет души – »Мажи, браќа! Требаше да се исполни напишаното, како што беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исуса,
17зашто тој беше вброен кон нас и беше примил дел од оваа служба;
18но со неправедна награда тој придоби нива и, откако падна ничкум, прсна во средината, и се истури целата негова утроба.
19И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи нива крвна.
20Оти во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти, и никој во него да не живее, како и, епископството негово да го прими друг.‘
21И така, потребно е пак еден од оние луѓе, што беа со нас за сето време, додека пребиваше и општеше со нас Господ Исус,
22почнувајќи од крштавањето Јованово па до денот, кога се вознесе од нас, да биде сведок со нас за Неговото воскресение.«
23И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, а по прекар Јуст, и Матиј;
24потоа се помолија и рекоа: »Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,
25за да прими дел од оваа служба и од апостолството, од кое отпадна Јуда, за да си отиде на своето место!«
26И фрлија ждреб за нив, и ждребот падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.

Селектирано:

Дела 1: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се