НАУМ 2
2
ОПСАДА И ПАЃАЊЕ НА НИНИВИЈА
2:2-13
1Рушител се крева против тебе. Постави стража на ѕидовите гледај кон патот, препаши ги бедрата, собери ги сите свои сили. 2Да, Господ ќе го обнови Јакововото величие како Израелевото величие; зашто пљачкашите ги ограбија, им ги истргаа лозјата. 3Штитовите на неговите јунаци се црвенеат, неговите воини се во црвено сукно; бојните коли блескаат како железни гламни, во денот кога се подготвува; копјата се брануваат. 4Бојните коли беснеат по улиците, летаат удирајќи се една со друга, изгледаат како гламни, како молњи, само светкаат. 5Си спомнува за неговите моќници, се сопинат во одот, итаат бргу кон нејзините ѕидови, опсадата веќе е поставена. 6Се отворат портите од реките, палатите се растопија. 7Таа која стоеше тврдо, беше свлечена и одведена, нејзините робинки цвилат како гласот на гулабите, се удираат во гради. 8Нинивија во своите дни беше како базен полн со вода, тие бегаат сега. „Застанете, застанете!“ Но никој не се завртува. 9„Грабете сребро, грабете злато.“ Му нема крај на благото, изобилство на скапоцености! 10Ограбена е, напуштена, разурната е таа. Срцето се топи, колената треперат, измачување во секое бедро, на сите лицата им се побледени. 11Каде е јамата на лавовите и местото каде лавчињата се хранат? Кога лавот и лавицата и малите лавчиња одеа, никој не ги плашеше. 12Лавот раскинуваше доволно за своите лавчиња, давеше за својата лавица; ги полнеше со плен своите пештери, со лов, своите јами. 13„Еве Ме! Против тебе,“ говори Господ над Воинствата. „Ќе ги изгорам во дим твоите бојни коли, мечот ќе ги проголта твоите лавчиња. Ќе ги истребам од земјата твоите грабежи и не ќе се чуе веќе викот на твоите гласници.“
Селектирано:
НАУМ 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.