Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението?Примерок

Can I Really Overcome Sin and Temptation?

3 ДЕН ОД 5

Како можам да победам во духовната војна против Сатаната?

Сатаната е реална, но исто така е и поразена.

Исус дојде на земјата за да ги уништи делата на ѓаволот (1 Јован 3:8). Кога нашиот Господар умре на крстот, умре и гревот. Кога тој воскресна од гробот, гробот загуби. Еден ден, Сатаната ќе биде фрлен во огнено езеро да биде измачуван дење и ноќе до вечноноста (Откровение 20:10). Сатаната нема да владее во пеколот—тој ќе биде таму казнет, засекогаш.

Сатаната е во војна со нашиот Отец, а ние сме воената зона каде што конфликтот се беснее. Тој неможе да го повреди Бог па напаѓа на Божјите деца. Најдобриот начин да ме повредиш е да ги повредиш моите синови.

Во нашата духовна војна против непријателот, како да победиме?

Прво, бидете отпорни преку Божјата сила.

“Покорете се себеси на Бог, бидете отпорни на ѓаволот, и тој ќе избега од вас” (Јаков 4:7). Моментот кога сте искушувани, предадете го проблемот на Бог и одберете отпорност: “Не давајте му место на ѓаволот” (Ефесјаните 4:27). Никогаш нема да биде полесно да се противите на гревот како што би ви изгледало отпрва во вашиот ум и срце.

Второ, барај ја твојата победа преку Божјата моќ.

Твојот Отец ветува дека нема да дозволи искушение без да ти даде сила да го победиш (1 Коринтијаните 10:13). Моментот кога твојот непријател ќе се појави во твојот живот, сети се на тоа ветување. Очекувај ја победата која Бог ја ветува.

Трето, носи го штитот на Светиот Дух.

Ефесјаните 6 не поттикнува: “Засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ. Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лукавство; зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата” (vv. 10–12).

Овој духовен “штит” ја вклучува Божјата вистина, праведност, евангелие, вера, спасение, Свето писмо и молитва. (vv. 14–18). Стојте цврсто на овие. Практикувајте ги. Верувајте им, и на Божјата моќ во вашиот живот. И тие ќе ви ја донесат победата.

Така да, очекувајте да бидете искушувани од вашиот смртен непријател.

Лавовите рикаат само кога напаѓаат. Денес стојте цврсто со Бог. Кога ќе згрешите, одете кај Бог и молете за прошка, милост, и победа.

И следниот пат кога ѓаволот ќе ве потсети на вашето минато, вие потсетете го на неговата иднина.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Can I Really Overcome Sin and Temptation?

Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духовни животи? Дали е тоа возможно? Ајде да дискутираме за гревот, искушението, Сатаната, и за среќа, Божјата љубов.

More

Би сакале да се заблагодариме на Денисон Форум што го овозможија овој план. За повеќе информации, посетете ги на: http://www.denisonforum.org