Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението?Примерок
Дали вистински можам да го надминам гревот и искушението?
Во 1 Самуилова 13:14, пророкот Самуил му кажува на Саул, Израелскиот крал, дека ќе биде заменет поради што “Господ бараше човек по неговото срце, и Господ му заповеда да биде принц на неговите луѓе.”
Како и да е, декади подоцна, тој “човек по неговото срце” имал афера со омажена жена, која резултирала со бременост, и успешно заговарал да го убијат нејзиниот маж со цел да ја земе како своја жена.
Во овој настан, Кралот Давид прекршил девет од Десетте заповеди:
10: Ја посакувал жената на неговиот сосед.
9: Лажел за својот грев.
8: Ја украл жената за себе.
7: Прељубодејствувал.
6: Го убил нејзиниот маж.
5: Ги обесчестил неговите родители.
2: Направил идол од Батшеба.
1 и 3: Го осрамотил Бог и неговото име.
Ако ништо друго барем Давид не го прекршил саботниот ден—колку што ние знаеме.
Зошто човек по Божјото срце го направил ова?
Зошто грешиме? Како да го победиме искушението? Што да правиме кога неможеме да го победиме?
Ќе дискутираме за овие нешта во следните шест дена.
Очекувајте искушение
Кога Исус ги победи нападите од Сатаната, непријателот “го напуштил додека да дојде пригоден момент” (Лука 4:13). Ако нашиот Господ се соочил со искушение, ќе се соочиме и ние.
Ѓаволот е реален, и те презира. Ти си неговиот непријател. Исус не предупредува дека ѓаволот е “убиец уште од почетокот,” и “лажливец и татко на лагите” (Јован 8:44). Тој е “гладен лав кој бара некого да проголта” (1 Петар 5:8). Тој го искушува и мами секој еден од нас.
Еве зошто: “похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт” (Јаков 1:15).
Забележете го ова: гревот секогаш те носи подалеку отколку си сакал да отидеш, те задржува подолго отколку што си сакал да останеш, и те чини повеќе отколку што си сакал да платиш.
Секогаш.
Само прашајте го кралот Давид. Прочитајте 2 Самуил 12 за разорувачките последици.
Опис за овој план
Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духовни животи? Дали е тоа возможно? Ајде да дискутираме за гревот, искушението, Сатаната, и за среќа, Божјата љубов.
More