Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението?Примерок

Can I Really Overcome Sin and Temptation?

4 ДЕН ОД 5

Што можам да направам кога сум искушуван?

Однеси го искушението кај Бог—веднаш

Кога си искушуван, запамти го ова ветување: “Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото, но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да издржите.” (1 Коринтијаните 10:13).

Бог нема да дозволи искушение за кое нема да ви даде сила да го победите. Вклучително, Сатаната нема да го троши неговото време со искушенија за кои знае дека можеме да ги победиме со нашата сила.

Така да секогаш кога ќе бидете искушувани, знајте дека неможете да ја победите таа битка без Божја помош.

Развијте рефлекс кој ќе го предаде секое искушение директно на Отецот. 

Побарајте ја од него, неговата моќ. 

Оставете го во негови раце.

Однесете го кај Бог—веднаш.

Земете ги во предвид последиците

Што ако не го направиш ова?

Нашите тајни гревови ќе бидат осудени од Бог: “Бог ќе ја извади на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо” (Проповедник 12:14).

Исус не предупреди: “Нема ништо сокриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае. Затоа, што сте рекле во темнина ќе се слушне на виделина; и што сте шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено и на покривите.” (Лука 12:2–3).

Нашите зборови ќе бидат судени: “Ви велам, за секој лош збор што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; зошто по зборовите свои ќе бидеш суден” (Матеј 12:36–37).

После наведување на сите сорти на неисповедан грев, Петар објавил дека оние кои прават такви работи “ќе одговараат пред оној кој е готов да им суди на живите и на мртвите.” (1 Петар 4:5).

Што ќе им се случи?

“Секое дело ќе се покаже јасно, судниот ден ќе го покаже; зошто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого. . . . А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.” (1 Коринтијаните 3:13, 15).

Безбожни, неисповедани гревови, мисли, или зборови ќе бидат откриени на судниот ден и изгорени. Бидејки рајот е перфектен, вакви работи неможе да влезат во него—тие мора да бидат изгорени и уништени.

Гревот е прочистен и наградата е изгубена.

Кога си искушуван и чувствуваш потреба да збориш со Бог, немој да бегаш од неговото присуство. 

Во таа секунда во потреба, трчај кон него.

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Can I Really Overcome Sin and Temptation?

Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духовни животи? Дали е тоа возможно? Ајде да дискутираме за гревот, искушението, Сатаната, и за среќа, Божјата љубов.

More

Би сакале да се заблагодариме на Денисон Форум што го овозможија овој план. За повеќе информации, посетете ги на: http://www.denisonforum.org